МОРЕ ОД СОЛЗИ.. Mence Kadinec
Наполнив море од солзи
како река се точеа,
гради ми толчеа,
мислев не можам да дишам,
Ги избркав од мене,
ама солзите пак беа мои,
и морето беше мое...
Не сакаше никој,солзи
горки,солени,во јад опколени.
И се чудев што да правам со
моето море,
и почнав да се плашам
од себе,од тебе од него,од неа.
А животе,немој така
јас море ти подарив,
Подари ми ти нешто топло...
А јас море ти подарив.
море од солзи
како река
се точеа...
Avtor Mence Kadinec
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation