ЛИЦЕ - ЛИК.. Љубица Поповска
Вистина плисната
со радост и бол
- потоци што се вијат.
Денот расте,
тврда корка земја
- жедни песоци што
ја пијат.
Разбуден зрак - ден,
коси, пролетни тревја
птици во очи се кријат.
Надеж
ден, година живот значат
и илјада еха желни
наоколу што се зрачат.
Рак- рана спомени
ветрови однесени.
Разголени души со
груби раце,
- очи без плам,
чекори ветрот со
болка отсечен,
чекор- разголен бран!
Автор: Љубица Поповска
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation