СЕЛИДБИ.. Љубица Поповска
Моите мисли
- птици на дланки
околу мене облетуваат
во сонливото соѕвездие
измешано со воздишките
утрински
за иднината и метаморфозата
на животот.
Срцето бедем го јакнев
за разделбите полесни
да ни бидат
ние заробениците во
зеницата на татковината.
Се прашував на која страна
од светот ќе одлутаме
и чекорот наш ќе го
закотвиме за подобар видик
на породот,
а нас косата ќе ни обеле од
здивот на ветрот туѓински.
Ќе ги зачуваме ли името,
презимето, корените прадедовски
запишани во меморијата на
новите огништа.
Сомнеж ги нагризува усните,
сивило - магла оставаме
зад себе
гледајќи визија и виделина
напред!
Проклетство на селидбите!!!
Автор: Љубица Поповска
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation