СОН ВО ЈАВЕ.. Олга Наумовска
Виното оди по мене,
или јас по виното?
Станувам парче сребро
потемнето со тек на време.
Слој тишина го пригуши разговорот
а зборовите останаа заглавени
во грлото и крвотокот на ново време.
Очите се најширока врата
од каде може да се влезе
во нечија раскошна душа.
Секогаш отворени за дочек
но и спремни
да те испратат до недогледот.
Најдобро е да си птица
секогаш можеш да одлеташ
Но, не секогаш да долеташ
на нечие раме.
Ги бирав зборовите
како птица кога јаде зрнеста храна
за да му го отворам патот
до моето срце.
Чувството на вина
Се разлева во мене
Како мастило врз бела хартија.
Јас упорно голтам
од пијалакот на боговите
кој ме успива во лесен сон
врз пердуфеста постела.
Се уморив од твоите думи
Што без мера ги даруваш
Но, знам само едно:
„Јас сум твојот сон!“
Олга Наумовска
Македонија
или јас по виното?
Станувам парче сребро
потемнето со тек на време.
Слој тишина го пригуши разговорот
а зборовите останаа заглавени
во грлото и крвотокот на ново време.
Очите се најширока врата
од каде може да се влезе
во нечија раскошна душа.
Секогаш отворени за дочек
но и спремни
да те испратат до недогледот.
Најдобро е да си птица
секогаш можеш да одлеташ
Но, не секогаш да долеташ
на нечие раме.
Ги бирав зборовите
како птица кога јаде зрнеста храна
за да му го отворам патот
до моето срце.
Чувството на вина
Се разлева во мене
Како мастило врз бела хартија.
Јас упорно голтам
од пијалакот на боговите
кој ме успива во лесен сон
врз пердуфеста постела.
Се уморив од твоите думи
Што без мера ги даруваш
Но, знам само едно:
„Јас сум твојот сон!“
Олга Наумовска
Македонија
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation