اخر الاخبار

آخر الأخبار

ЕДНО ТОПЛО ЛЕТО… Олга Наумовска


 


Ти дојде тивко,

како светлина што се лизга 

по морската површина

без да ја вознемири.


Седнавме на работ меѓу денот и ноќта,

каде сонцето ги остава своите 

златни чевли

во влажниот песок.


Твојата насмевка

не беше насмевка,

туку отворен прозорец

низ кој влегуваше летото.


Во мене се раздвижија галеби,

заборавени во некое старо 

пристаниште

на осаменоста.


Брановите не удираа во брегот,

туку ги превртуваа страниците

на една книга напишана од сол.


Ние бевме реченици

што морето ги читаше наглас,

додека вечерта го собираше хоризонтот

како син шал околу рамениците.


Твојот допир

беше лесен како сенка од облак

врз заспано море.


Од него времето се стопи,

како коцка мраз

во чаша исполнета со зајдисонце.


Над нас,

небото палеше ѕвезди

една по една,

како стар светилничар

што им го покажува патот

на заскитаните души.


А јас сфатив —

љубовта не е оган.

Љубовта е плажа по невреме,

кога сè е мирно,

а во воздухот уште се чувствува

моќта на морските бранови.


С.Македонија🇲🇰

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation