اخر الاخبار

آخر الأخبار

ИМПУЛСИТЕ НА ЖИВОТОТ.. Љубица Поповска

 



Јас сум само момент
од времето,
една Капка од чашата на
Универзумот од кој слегов за
да го живеам мојот избор на
животот на земјата создадена од
Создателот
со сите убавини, светови, форми,
простор и време.

Ни дојде Пролетта со
свечаност на хармонијата
и убавината на природата
која се раѓа и
творечките сили на животот
со кои доаѓа.
Се разбудуваат скриените чувства
на душата и
нејзината трансформација во
духот.
Зацврстена во емоциите,
чувствата и мислите,
јас како жена хармонична
творба на духот
сакам да зачекорам во
храмот на твојата душа...
Невидливата рака твоја
што ја чувствувам на себе,
нека ме загрли силно и
чува и штити секогаш.

       Автор: Љубица Поповска

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation