БЕГАЊЕ ОД СЕБЕ СПОМЕН.. Љубица Поповска
Навлегува споменот- плима
ги скротува чекорите
по калдрмите
- животот тече.
Седната на тротоарот
од времето
жеднува мојот поглед
кон иднината
со сегашноста во рацете.
Не сакам сомнежот да
ме сопне,
голите рамења жеднеат
за оган и вода
во секојдневието!
Го превртувам здолништето
на разлеаните пеперуги
во ноќта
кои никако да се смират.
Побегнувам од себе
лебдејќи во космосот
барајќи ново тело
за прашањата на крстопатите.
Не сум безличие,
сакам да ги постројам
емоциите
во мојата околина
во зданието на разумот
и правиот пат во соѕвездието
на космосот во мене.
И тоа бегање од себе,
од стравот и неизвесниста
на времето што иде
го смирувам со молитвење
и темјанов мирис
барајќи ја суштинската,
вистинската мисла и смисла
на постоењето.
И фолозофијата е таа
нема бегање од себе,
треба само да се пронајде
Зората на Новото утро
и со забрзан чекор иднината
да се влее во животот
во тек.
Автор: Љубица Поповска
Од збирката “ Крстопати”
ги скротува чекорите
по калдрмите
- животот тече.
Седната на тротоарот
од времето
жеднува мојот поглед
кон иднината
со сегашноста во рацете.
Не сакам сомнежот да
ме сопне,
голите рамења жеднеат
за оган и вода
во секојдневието!
Го превртувам здолништето
на разлеаните пеперуги
во ноќта
кои никако да се смират.
Побегнувам од себе
лебдејќи во космосот
барајќи ново тело
за прашањата на крстопатите.
Не сум безличие,
сакам да ги постројам
емоциите
во мојата околина
во зданието на разумот
и правиот пат во соѕвездието
на космосот во мене.
И тоа бегање од себе,
од стравот и неизвесниста
на времето што иде
го смирувам со молитвење
и темјанов мирис
барајќи ја суштинската,
вистинската мисла и смисла
на постоењето.
И фолозофијата е таа
нема бегање од себе,
треба само да се пронајде
Зората на Новото утро
и со забрзан чекор иднината
да се влее во животот
во тек.
Автор: Љубица Поповска
Од збирката “ Крстопати”
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation