اخر الاخبار

آخر الأخبار

ЉУБОВ ВО ОЧИ.. Љубица Поповска





Зачекорена во прегратките
на ноќта,
по тревниците на оваа
пролет,
низ неонските пеперуги
распослани
во пазувите на гранките
и лисјата на булеварите,
залутана низ косите на
развигорот
што го чувствувам
во душата,
се сопнав на едни очи
и нивниот сјај.

Видов плам во твоите
очи,
насетив жед во твоето
срце!
Видов синевина, небесна,
морска, распенета
бека!
Ја видов љубовта на мојот
живот.
Те видов со очите на моето
срце !
А ме излажаа ли твоите,
моите очи?

        Автор: Љубица Поповска

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation