اخر الاخبار

آخر الأخبار

ИЗГУБЕНИ СОНИШТА.. Менче Кадинец





Кој ли храброст имаше
Кој ли душа имаше
Соновите да Ви ги украде
Очите да Ви ги насолзи
Ноќите да ги уништи
Кој ли душа имаше
Срце да ви рани
Со јадови така мали
да Ве нахрани
Без спокој да Ве остави
Како ранети мали птички
Главата што ја веднат
Само во себе нешто
ќе си шепнат,шепнат...
Кој ли храброст имаше
животот свој само
да го гледа
од обврски да бега.
Кој ли душа имаше
во изгубени соништа
да Ве понесе
така мали  ,нежни,кревки
цел товар да Ви внесе
Кој ли можеше?
Кој ли можеше
да не мисли како
животот во среќа ќе
Ве изнесе.

Менче Кадинец
Македонија

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation