اخر الاخبار

آخر الأخبار

ОПОМЕНА.. Љубица Поповска




Што е со нас!?
Што ни се случува:
несреќи, војни, корони!!!
Дајте да ја вратиме љубовта
за човекот
меѓу нас, ние граѓаните на оваа
планета
изгубени во лавиринтот на
алчноста,
во меандрите на реките од
завист, злоба, љубомора...
Иднината ни виси на бесилка!?
Сите ги губиме битките од
ударите на ова лудило.
Плачот на немоќните, болката
на болните,
останати без работа и средства
за живот на цели фамилии...
милиони...
Како свиреж на ветар низ
гранки голи,
како пискот од виолина, сето тоа не’
ОПОМЕНУВА и вели:
Доста е!!!
Знаеме ли ние љубовта да ја
напишеме во срцата наши.
Со насмев и добар збор да
сплетиме Сонет
од песни за човекот!
Братски да се гушнеме,
љубов братска да потече
и суровоста на ова време
да ја одвлече!

     Автор: Љубица Поповска
                  Македонија

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation