اخر الاخبار

آخر الأخبار

ПРОБУДИ СЕ.. Љубица Поповска





Се изгубивме ние,
луѓето, човекот,
како утопија
во ова силно невреме
зафатено од безличието
на денешницата.

Гулабите пешки одат
оти им тежат крилјата,
па секој може да ги повреди.
Како скитници се по улиците
на денот,
во кругот на деноноќието на
лажните ветувања.

Проколнати е добрината во
очајот на неизвесност.
Откинато е дел од светлината
од сонцето на слабите, немоќните,
а остатокот го туткаат во себе
како надеж.
Нивните надежи се изгубени
во илузијата скаменета во
зеницата на денот.
Радоста како бледа сенка на
надежта,
го чекаат нејзиното повторно
раѓање,
која сега им лежи
во калта згазена.

Короната како реалност и
опомена на човековата совест
денес е тука меѓу нас.
ПРОБУДЕТЕ СЕ, НЕШТО СЕ СЛУЧУВА ни вели!!!
Здружете се, светлината да биде
љубов наша незапирлива.
Нов живот да потече по
скалилата на денот!!!
Вербата во Бога да ја обновиме
за Молитвите да ни бидат
благословени!

     Автор: Љубица Поповска

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation