ЖЕНА.. Љубица Поповска
Жено, мајко,
во таинствената утроба
го носиш својот пород
- ранета птицо !
Во стомните изградени
од ротацијата на денот
носиш илјада солзи
- болко на еден живот!
Жено, жено,
се роди да раѓаш за да
носиш во себе и со себе
проклетство на илјади усти
( судбино на нови рожби
родилко, жено, стено!)
Со тебе и во тебе
започнува и продолжува
еден живот.
И живее едно време!!!
Се наоѓаш вон просторот времен
но во пулсот на животот земен!
Автор: Љубица Поповска
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation