اخر الاخبار

آخر الأخبار

СОЛЗАТА НА МАЈКАТА БОЛИ.. Менче Кадинец




Солзата на мајката
боли
уморот не боли
боли срцето на мајката
кога го гледа
со закрвавени очиња,
своето чедо
како и тоа немоќно се бори
за помош моли.

Болен е плачот на детето
ноќта долга
кога не знаеш што те чека,
боли кога секој
сам си се гледа
а мајката бдее...
Да,мајка е но има душа
што ја боли
има умор,има снага
неизмерна,но полека се троши.
Не осудувајте ја
солзата на мајката,
солзата на мајката боли.

Менче Кадинец
Македонија

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation