اخر الاخبار

آخر الأخبار

ПРОЛЕТ ВО ТУЃИНА.. Љубица Поповска


Некоја птица прелетува над мене,
таа носи и пролет и љубов.
Песната што од неа се гласи
неможе никако носталгијата
во душата да ја згаси.

Шепотот замолчен
на збогумот во устата,
нешто познато,
некој глас, прекор
останал длабоко во душата.
Студеното огниште
ракописот на неостварените
желби,
море од воздишки и во нив
гласот твој мајко,
мојот сон
и споменот како тажен гонг
од ѕидниот часовник
што одѕвонува во мене.

Автор: Љубица Поповска

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation