اخر الاخبار

آخر الأخبار

ОВАА ПРОЛЕТ.. Љубица Поповска

 



Насмевката на утрото
зачекорила во мојата
соба.
По некој пролетен
сончев зрак
залутан над мојот кревет
си поигрува со
косата моја
како некогаш ти!

А пролетта ѕвони
со звукот на зеленото
ѕвонче,
исполнето со
тревен и цветен шепот.
Од негде доаѓа акорд
на љубовна песна.
Таа ми измами
“ моминска солза”
оросена од утрото
и зачувана во пазувите
на срцето скриена.

Некаде по патот
низ времето што мина
младоста ми се изгуби
- загина,
а моето срце и сега
по неа вика
со пригушен крик на
птица !!!

Оваа пролет за се’ е
крива!

 
         Автор: Љубица Поповска

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation