اخر الاخبار

آخر الأخبار

Мирисот на среката.. Сузана Д.Рулеска

 



Кога топлината на зборот допира до нас
кога од него се топи мразот на
гневот и лутината, тогаш знај дека
си ја прегрнал среката.
Но, и кога под сенките на замрзнатите од студ гранки на  дрвјата, мислите
твои се разделуваат на две
како да не се твои,
како, изгубени, незнајни….
тогаш знај, таа е до тебе.
Иако мирисот полека се шири
во  прегратка јa носиме,
ја сакаме, се радуваме.
Таа е како сон недосонуван
како сонце што не грее,
таа е како јас и ти
како симбол наш вечен.
Повторно…..Се будиме, ја бараме….
Таа е со нас, тие недопрени извори
на среката сме ние, тие непрегледни со радост посеани ширини сме ние,
тој опоен мирис на спокој
сте вие!
Ти, што се будиш  и ја бараш, а таа е до тебе те гали, те  допира, ти пее.
Вие што ја пеете одата на радоста!
Таква е среката, тој сон недосонуван.
Дали повторно ке  сонуваме,
дали повторно ке сакаме да го
имаме недопреното!?

       
                 Македонија

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation