20 АФОРИЗМИ ЗА ЖИВОТОТ.. SVETO STAMENOV
Macedonia
-Дојде такво време во кое секој се фали со своите гревови, а скромноста остана единствената доблест со која не смееш да се пофалиш,бидејќи веќе не си скромен!
-Простувањето не може да го избрише минатото, но може да ни помогне да ја изградиме иднината!
-Понекогаш воопшто и не треба да ни биде важно што говориме, туку што сме слушнале и научиле од другите!
-Некои никако да го направат историскиот исчекор од дивјаштво во цивилизација!
-Никогаш не суди за она за што немаш поим, бидејќи и најголемиот глупак ќе "испадне" попаметен од тебе!
-Секој, сакал или не, е човек, ама ретко кој и личност!
-Ако сакаш да му ја дознаеш вистинската вредност ѕирни му во срцето, а не во џебот!
-Ми остана уште да си простам самиот на себе оти побарав прошка од другите!
-На многумина не им е јасно дека нивниот општествен статус подразбира и одговорност за јавно изречениот збор!
-Таму сме каде што сме и вакви сме какви што сме само затоа што формата ни е побитна од суштината!
-Секаде времето чини пари, а само кај нас денгубењето е "божји благослов"!
-Само на ѕвер со човечки лик несреќата на другиот може да му биде душевна храна!
-Само на ветриштата и на човечката глупост дури ни небото не им е граница!
-Од нас можеби и ќе биде нешто, но само тогаш кога делата, а не зборовите ќе говорат за нас самите!
-Меракот голем, ама пусти чалам уште поголем!
-Ех, барем ние можеме да се пофалиме барем малку со какви - такви „стари времиња“, а со што ќе се пофалат нашите деца?
-Кога конечно ќе сфатиш дека не си само тажна приказна, светот ќе биде твој!
-Во животот сè си има свое место и време, а нам ни останува само да се надеваме и да се молиме дека и нашето конечно ќе дојде!
-Самите себе си сме си најголеми душмани, а другите се само концерт - мајстори на нашиот реквием!
-Најтешките работи во животот имаат и најголема вредност!
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation