اخر الاخبار

آخر الأخبار

СОКАКОТ НА ДЕТСТВОТО.. Љубица Поповска

 



На прагот, во сокакот
на моето детство дојдов.
Итав, брзав, вјасав што
побргу, побргу да стасам.
Сокакот во кој свиркаат
спомените и ветрот
со своите немири.

И... внатрешен крик
пред соголениот поглед
на сокакот.
Испревртен тротоар кој дреми
во својата безнадежност.
Пајажина по прозорците и
портите...и...
искривениот праг на
домот мој драг.
А дворот...
дрвја исушени, лисја сронати,
цвеќе овенато,
изгорени од времето
осамено што пладнува во
опустените дворој.
Покривот на куќата сронет
од трошните нозе на времето.
Стуткани таму се
гнездата на предците
останати да лежат сами
без некој да ги посети,
почестени само од
посетата на залутаниот
ветер во нив, оставени на
безнадежниот сон,
таму затрупани.
И разбранетата наша надеж
над рамењата на ветрот која
не’ одвлечка на талкање на
некое ново поило низ
честарот на прозорците на
светот
што ни се подолги од сонот.

И на тој праг
на сојакот драг
споменот што го сонив
ко кула од песок се срони.

    Автор: Љубица Поповска
Од збирката” Македонски непребол и гордост”

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation