Шепот.. Сузана Д. Рулеска
Со поглед ги допрев твоите очи
од нив ја прочитав нашата приказна,
таа љубов бескрајна…
Како небесна птица грабливка
таа ме однесе некаде
каде тишината ми шепоти,
а ветрот нежно ме милува.
Срцето остана заробено
во синилото на брановите,
немите погледи го допираат
мракот на темнината,
само тишината ми шепоти!?
Пламенот уште ли гори,
а птиците рајски уште ли треперат?
Со мисли ке ја вознесеме
со трепет в срца
наши ке ја закотвиме,
милина в срце ми е,
в душа љубов носам,
љубовен трепет распослал крилја,
насред бура од бродолом.
Во прегратките на мислите мои
небото ми ја раскажува
бајката за нашата
бескрајна љубов.
Македонија
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation