БЕШЕ.. Милка Минкова
Беше сонот мој
чкорче што в срце гори
сакав да го слушам гласот твој
што за љубов збори.
Нежни зборови од усни медни
што моите за нив беа жедни
срцето тупкаше ко на дете
што надежни нишки плете.
Беше илузија моја
да си мој, а јас твоја.
Беше идол што по тебе чмее,
во прегратка да ме земеш,
таа да ме грее,
Беше.... А сега си...
Сега си мој, а јас твоја
илузијата стана сон
сонот јаве,
изминаа години, таа љубов
сеуште се гае,
во заедништво нека трае,
нека трае..!!!
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation