ВЕТРОВИТЕ НА ВРЕМЕТО.. Љубица Поповска
Со својот младешки
немир
ми залутале барајќи ја
трагата на
пролетните шепоти
во твоето срце.
Лутаа по угорнини, удолници,
преку пруги и патишта
и океани,
и никако да го најдат
тој шепот.
Ти, си се изгубил во
туѓи прегратки и шепоти.
Но времињата носат
заборав за загубеното
и даваат нова шанса за
живот.
Еден повик за помош
да те избавам
слушнав,
тркалото на животот
ти се превртило.
Јас не можев ништо
да направам бидејќи
проклето
тишината како празнина
се испречи меѓу нас
и бев далеку од твојот
нов видик.
Остани со твојата немоќ
да видиш
дека светлината е изгубена
и за тебе,
сега ти се изгуби од
мојот сон.
Од најновата збирка “ Немири”
Автор: Љубица Поповска
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation