اخر الاخبار

آخر الأخبار

ПРОСТИ МИ.. Менче Кадинец




Tе чувствувам низ
струењето на воздухот,
мирисот на времето
те обои    во мене,
облакот бел
се заканува оддалеку,
а низ него плаво небо.
Плачот ми остана  во грлото,
не можев да зборнам,
ме погоди невреме
во распарчената душа,
а се трудев да се возвишам,
во твојата снага
некој бран морски
од твојата душа да доплива
до мене......
Ќе седнам на терасата,
Воздишките топли на животот
да ги соберам..
Те чувствувам низ
струењето на воздухот....
Прости ми.....

 
Македонија

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation