Слика од милион бои.. Сузана Д.Рулеска
Во прегратките животот ме галеше
тивко, нечујно, само мене ми
ја раскажуваше својата сага.
Ми раскажуваше за радоста, среката
тагата, болката….
Понекогаш тој, знаеше да заплаче и
од солзите да направи езеро на спомени.
Од искрите на радоста да направи
спектар од илјада бои.
Молкум ја раскажуваше најубавата бајка, поубава и од сонот.
Знаеше, само така понекогаш да влезе нечујно во мислите, од нишките нивни
да исткае килим од цветни рози.
Животот, мене тивко
ми ја раскажува својата сказна,
ми ја пее најубавата песна, поубава и од сонот,
ми ја наслика најубавата слика, сликата
од милион бои,
во неа јас и животот мој!
Сузана Д.Рулеска
Македонија
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation