МЕ ИМА И ВО ТВОЈОТ СОН.. Љубица Поповска
Кога ќе досади
тагата,
кога ќе се прелие чашата
на лагата,
кога веќе солзите на
заборавените ветувања и
надежи
ќе престанат да болат,
тогаш разбудена,
љубејќи се себе и без
пијанство на младоста,
во тој миг постанувам
своја.
Тогаш сегде ме има !
Во светлината на сонцето,
во секој ден.
Во прегратките на месечината,
секоја вечер,
во трепетот на ѕвездите.
Каде и да погледнеш
ме има сегде мене,
а сигурно ме има и
во твојот сон,
онај печат што љубовта
го става,
во душата, во срцето,
во животот
останува вечен, како што е
вечна природата и љубовта
од кои сме и ние дел
споени во вселената и
нејзините планови
за нас.
Од најновата збирка “Немири”
Автор: Љубица Поповска
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation