اخر الاخبار

آخر الأخبار

Потпрена тага.. Suzana Suzi Kristina Đoruševska

 



Да се потпреш на тагата,
што и ѐ дадена на скутот.
да ѝ се преврти
до колкот надолу,
ќе се распука на два дела.
Не е да се правдаш
од инает на никаквец...
тој што не е даруван
зема прибор
од задоцнет воз, без кочници,
а тој што бара
собир на маратонци,
да се искачи на виорот
од судбината не стигнува.
Ни дворот со јаболка што
се берат наесен
не се остава да скапува.
Тежината од љубовта,
што бара верба,
пакува солзи, го бара
патот за сакање...
е да се превиткаш во спокој...
Среќа и љубов во која
не се стигнува,
на прост човек беа знаење.
Изборот на книгата,
во средината на чекање,
од читателите
што не пристигнуваат,
дека е просветена.
Потражи ја песната
на патишта, со ридови,
реки, или море без дно.
Пат на тишини што
се секојпат невидливи,
промашени, незаведени
мисли што чмаат.
Издлабени модри рани,
од последните таги
да се остават и да се пренесат,
освежат во сеќавања.
Пат на изгрејсонце...
се зборови да владеат...
Да не се пресечат, да постојат.
Ќе се позлати младоста во иднина.
И потпре на книга

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation