اخر الاخبار

آخر الأخبار

КОПНЕЖ.. Благица Велковска

 




Откако  еден на друг
кажавме да тебе
 друштво патот ти
правеше се со куферот
во рака се до сега така
тебе патот се некаде
на далеку те водеше
мене секогаш сама
ме оставаше веќе се
изморив чекајќи те
Веќе сите сили
  ги изгубив  ми ги снема
 снагата ми се стопи ја однема
а ти никако да се прибереш
покрај мене да бидеш и
каква сум станала да ме
видиш зошто ни е овој
живот одвоен ти таму
јас ваму само гулабот
покрај нашата куќа што
прелетува тој друштво
ми прави и утеха ми дава
Еве решив по него писмо
да ти пратам се надевам
дека ќе те најде ќе се обидам
да те вратам но можеби
додека те најде мојот живот
ќе зајде и кога ќе дојдеш ќе
нема кој да те чека и на
порти да те пречека


ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation