НЕМИР.. Љубица Поповска
Се вовлекол во душата
и како ветер
удира по спомените,
не’ занесува во едно
минато време кога
мирот како спокој
царуваше со нас.
Немирот навлегува во нас и
како тагата на изгубениот
ветер по беспаќата
на кои се изгубивме во
животот.
Шкрипи ко селско тркало
по макадамите.
Но и немири како откинати
воздишки од градите,
како крик на болот што се
наталожил во душата
за неостварените надежи и
закопаните сонови.
Немир како изгубен ветер
есенски
кој талка по булеварите и
размава по голите гранки
на дрвјата и
развевајќи ги паднатите лисја
каде ќе стигни во својот бес.
И во тие мигови каде да се
засолнам
ако не’ во насмевката на твоите
зборови и
топли прегратки мајко!!!
Од најновата збирка “ Немири”- како Уводна песна
Автор: Љубица Поповска
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation