اخر الاخبار

آخر الأخبار

МОЈАТА УЛИЦА.. Љубица Поповска

 



             - ВРАЌАЊЕ -

Моја улицо,
чекор по чекор
чекорам,
балансирам со моите
чувства.

Не, тоа улицата
чекори низ мене
со споменот на
булеварите
каде чекорат ветровите
всадени во
срцето на времето,
заедно со крстопатите
на една младост,
со воздишките на липите
и бакнежите на ѕвездите.

Доаѓам со
трепетна нежност и
љубов,
да ги нахранам надежите
кои го заплискуваат
срцето
со бистра вода изворска,
да направам пат за
нивни нов изгрев,
да ми внесат свежина во
душата, мислата и срцето.
Со топлина и енергија
и убави спомени
да се вратам назад
за продолжување на чекорите
во животот
кои ќе одѕвонуваат со нова
надеж
во новите утра.
И ќе блесне нов видик
на улицата СПОМЕН !

       Автор: Љубица Поповска

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation