اخر الاخبار

آخر الأخبار

ЉУБОВЕН ЗАПИС.. Љубица Поповска

 



Утрото никна низ превезот
на распеаните бои на
цветовите и житата полски.
Житата шират насмевки
со сончевина полеани.
Цветовите танцуваат во високата трева
со ветрето прифајќајќи ја
неговата игра
се лулеат и на неговите гради
се наслонуваат.

Крај патот полегнала тревата од
нечии забрзани чекори кон
ко нежната разбранетост на
житата,
кон сонот на божуриката,
со искри и плам на воздишки
и вљубени погледи сплет.
Од длабочината на житното поле
се слуша песна и нечиј кикот и смеа.

Во светлината, сончевината и
жештината летна
љубовта како запис
останала во зрелите жита,
како игра меѓу
врелите дојки на жнеачките
и силниот порив на косачите
на тревата
во кои се разиграле пеперутките
на љубовта,
како заробеници на моменталната
страст и раскажаната
љубовна сторија на една младост
со развигор во косите на времето
во летнината жешка,
љубовта оставена  по нивите
и меѓите како младешки спомен.

   Од збирката во припрема “ Меѓа на животот”
     Автор: Љубица Поповска

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation