اخر الاخبار

آخر الأخبار

НАЈСРЕЌНА СУМ ПОКРАЈ ТЕБЕ.. Олга Наумовска

 



Македонија


Сакав да се победам сама себе си
во чувствата,
проткаени со нежности
на природен сентимент.

Во сонот кога ѕвездите се капат во Црно море,
само чувствата во мене беа звучни...
Во твоите очи кои искрат во мракот
видов, исплашен дивеч кој молбено подава рака,
под мислата на љубезност.

Отпор кон улогата на неморал
што ми ја подари без трошка на совест.
Во сокакот на вообразените
ќе бидеш прогонет, за повторно да ја допреш
клучалката на моето срце.

Бев тажна од твојата безопасна отсутност,
открадна парче од моето битие,
ти недостасува совест што умее
да го скрои и стокми секој дел
за повторно да биде цело.

Додека силни чувства,срцето ти го парчат,
во полноќта се враќаш за нежната насмевка
открадната од моето лице.

Само фенерот тивок сведоштво е мое
за да ме пронајдеш во мракот
крај огништето, чии пламени јазици
ја грејат мојата смрзната душа.
Кој би рекол,
светлината среќа носи?
Најсреќна сум ,покрај тебе
кога во Мрак силно ме љубиш.

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation