اخر الاخبار

آخر الأخبار

ЗАЛЕЗ.. Blagica Velkovska


 

Топлиот летен ден
полека  измина
сонцето го изоди патот
се спушти таму зад ридовите
Со своите зраци се што
допре се  обои
во прекрасна бакарна боја
А ние двајцата се изнашетавме
по тие ливади ширни
цвеќе си беревме
венчиња плетевме
Во еден момент ме замоли
со тебе да појдам до
најблиското море
Јас се согласив појдов
и тука со тебе дојдов
не се каев дека ќе ми
биде убаво знаев
Се нуркавме во водата
трчавме по песокот
кој беше уште топол
 од жешкото сонце
Школки собиравме
каменчиња редевме
долго на песокот седевме
Тука бакнеж ми подари по чело
 ми го гушна моето тело
а јас среќна како цвеќе цветав
од возбуда летав
Во еден момент
пред мене клекна
во мене мислата летна
што сега ќе се случи
што сега ќе се одлучи
Се сврте назад нешто
од песокот извади а
тоа беше кутивче мало црвено
јас пред тебе стоев како здрвено
Во очи ме погледна и ми рече
ајде од овој момент
нашата љубов нека тече
сакам моја да бидеш
А јас во лице се вцрвив
што да сторам што да прозборам
што да му кажам а да не го излажам
Малку се подзамислив
и викнав силно на глас
еве твоја сум јас даааа
Гласот ми одзвонуваше
по морските бранови
како да се радуваше и
и водата и природата зошто
зошто тука во тој час
бев многу среќна јас

Автор :
Blagica Velkovska

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation