НЕДОРЕЧЕНОСТИ.. Љубица Поповска
Преполовената мисла ми го
зароби денот,
птицата во лет се сепна,
надежите во своето гнездо
се превртеа.
Залудно ги заробив сите
ветрови јужни
душите да ни ги топлат.
Сега пламенот нивни ќе го
задушиме
стоејќи како покиснати и неми
од дождот пороен немил.
Излегува молња од моето
тело,
струја ми течи по челото.
Испуштам чудни звуци во
мене збрани,
во здивот мој кој оган точи.
Твоето вчера и моето денес
и утре
се разминаа уште во сонот,
леш што се распаѓа станаа.
Нем презир на лагата што
како змија се извлекува.
Кукавичко јајце во туѓо
гнездо.
Од скршената стомна на
времето,
два цвета само што процветаа,
наведнаа глави зашеметени,
и ни бијат во дамарите ко
силни капки дожд по
ламаринените покриви на
совеста.
Затоа негде крварам до недоглед
од недоречености, лаги, пцости…
Од најновата дваесети трета збирка поезија во припрема “ Меѓа на животот”
Автор: Љубица Поповска
зароби денот,
птицата во лет се сепна,
надежите во своето гнездо
се превртеа.
Залудно ги заробив сите
ветрови јужни
душите да ни ги топлат.
Сега пламенот нивни ќе го
задушиме
стоејќи како покиснати и неми
од дождот пороен немил.
Излегува молња од моето
тело,
струја ми течи по челото.
Испуштам чудни звуци во
мене збрани,
во здивот мој кој оган точи.
Твоето вчера и моето денес
и утре
се разминаа уште во сонот,
леш што се распаѓа станаа.
Нем презир на лагата што
како змија се извлекува.
Кукавичко јајце во туѓо
гнездо.
Од скршената стомна на
времето,
два цвета само што процветаа,
наведнаа глави зашеметени,
и ни бијат во дамарите ко
силни капки дожд по
ламаринените покриви на
совеста.
Затоа негде крварам до недоглед
од недоречености, лаги, пцости…
Од најновата дваесети трета збирка поезија во припрема “ Меѓа на животот”
Автор: Љубица Поповска
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation