اخر الاخبار

آخر الأخبار

БИТИЕТО НА ЖЕЛБИТЕ.. Олга Наумовска

 



Р.С. Македонија

Како откинати есенски лисја
летаат мислите кон тебе
Се уморив од безнадежно чекање
подлегнав да одморам на перницата од илузии.

Озрачен од зраците на јулското сонце
почувствував пекол во мене и врз мене
Се обидувам да го изгаснам пламенот
со споменот на моите сеќавања.

Луда ќе биде потсвеста
на млечниот пат од возбудата
како прецутена метафора
ќе потонеш во потокот од солзи.

Луди се моите мисли
кои катаден се борат со себе
Времето е иронија
од возбудливи моменти на очајот.

Ќе прилегнам врз цветната ливада на сонот
што расте со зракот на мајското сонце
Ќе те поведам во битието на желбите
но, јас имам само една:
„Остани засекогаш во моите
топли прегратки на спокојот,
за да те допирам со огнените прсти на потсвеста“!

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation