ЕСЕН.. Љубица Поповска
Бреговите ги подаваат рацете
ветровите и виножитото
на есента
веќе зачекориле по нив.
Навлегува сегде жолтиот
здив и мирис
и во плодовите на дрвјата.
Исушен е жуборливиот пој
на птиците.
Загубен е звукот на кавалите
и ѕвоната на стадата
по планините.
Потонати се воздишките
на цветовите и
радоста на разиграните птици
во оголените гранки.
Распарталените коси на
маглата
се слеваат како реки
од планините.
Писоците на ветровите
тагуваат по птиците
преселници и
шкрипат со колцата на
колоте селски.
Автор: Љубица Поповска
ветровите и виножитото
на есента
веќе зачекориле по нив.
Навлегува сегде жолтиот
здив и мирис
и во плодовите на дрвјата.
Исушен е жуборливиот пој
на птиците.
Загубен е звукот на кавалите
и ѕвоната на стадата
по планините.
Потонати се воздишките
на цветовите и
радоста на разиграните птици
во оголените гранки.
Распарталените коси на
маглата
се слеваат како реки
од планините.
Писоците на ветровите
тагуваат по птиците
преселници и
шкрипат со колцата на
колоте селски.
Автор: Љубица Поповска
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation