اخر الاخبار

آخر الأخبار

НИШКИТЕ НА ЖИВОТОТ.. AВТОР МЕНЧЕ КАДИНЕЦ





Mence Kadinec 10.05.2019

Ги нижев,градев
ама се испреплетија,
сомнежи пробудија,
гревови нанижија,
денови оцрнија
ноќи непроспиени донесоа.
Сонот го заборавив,
те повикав,повикав
толку силно и гласно.
А душата ми налегнала
се плашев од името твое
од скриената сила моја.
Ама моќна бев
кога низ ридовите стрми
те барав,
чиниш небото го допрев
ама те пронајдов,те пронајдов.
Дај ми ја раката да запловиме
низ тајните на животот
гревовите ме гризеа...
Ама не беа тоа гревови
само се браневме во животот.
Паметиш ти реков,заборави ме
Јас и Ти сме грешка,само грешка.
Го затвори телефонот,страдаше
уште еден грев не зароби.
И денес страдам
И денес страдаш
Во тишина запловивме...
Дали ме заборави?

AВТОР МЕНЧЕ КАДИНЕЦ
Авторски права заштитени

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation