ИЗГУБЕНИ ВО МОЛИТВАТА.. Љубица Поповска
Вистината како гладно
дете
оди денес боса по улиците
на светот.
Молитва не може да се
слушне
од вакумот на бедната тишина
на изгубените надежи и
неизвесност
во ова време на Короната.
Ова разуздано нејзино време
и лудите глави
никој не може да го впрегне
во колосекот на разумот и
љубовта.
Таа, Короната раширила
страв и
неизвесност меѓу сите нас.
Го берам здивот во себе
да не се слушни олујата
која беснее во мене,
неможејќи ништо да направам.
Што станува со Иднината наша,
на децата сегашни,
а на идните поколенија...
Малаксана сум од чекорењето
несигурно
во секојдневието без надеж!?
Веќе парчиња од неа, надежта
ми заглавиле во грлото,
а остатокот ме грчи во стомакот
како лоши ноќни пеперуги...
Автор: Љубица Поповска
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation