БЕЗДОМНИК.. Mенче Кадинец
Го сонувам сонот
тој мој беше
на улица ми паднала мислата
ја собирав
очните капаци ме болеа
ветрот ме туркаше
куќата се рушеше
Бездомник станав
така можеби спокоен
небото беше мое
сонцето беше мое
водата беше моја.
Ти спокојно во сонот вечен
мируваше
а јас се борев
Бездомник бев
Рушевина од соништа
ми побегнаа сите благодарности
Заборавив која сум!
Mенче Кадинец
Македонија
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation