اخر الاخبار

آخر الأخبار

ХУМАНОСТ.. Автор: Љубица Поповска

 



Срцето на дланка
го ставам,
љубов кон секој да
полета
за секој добар збор
да има
и помош ако затреба.

Друштво на Хуманисти
да изградиме,
секому помош, рака
да подадеме,
со насмевка болка да му
излечиме,
јадовите со добар збор
да им ги ублажиме,
тагата да му ја разбиеме!
Да им дадеме верба на
разочараните и надеж
на изгубените.
И помош во беда да
пружиме.
Некому му треба и
леб и лек
и дрва за дом топол.
Алишта кој има повеќе
нека дари!!!

Нашето малку за некого
многу значи,
зрак од светлина во
животот им зрачи.
Да даруваме несебично,
да се даруваме и
духовно!

Храм од добрина и љубов
да изградиме,
секој тоа нека го има
на ум,
добрината, хуманоста
да ги рашириме
како широк друм!

        Од збирката “Светлина”
       

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation