اخر الاخبار

آخر الأخبار

АМАНЕТ.. Менче Кадинец

 



Не ми ја разбра мечтата
кога се борев со лошата мисла,
Не ми ја разбра мислата
која ти ја кажав
како аманет,
а толку се плашев од  пеколни
умори,
изгладнета како лавица
сета среќа сакав да ја приграбам,
и сеуште исполнета со треперења,
излегов да барам воздух...
Ах,ангели мои ,кон небото
погледнав,
милост имајте,
чувствував срцето ми биеше
силно,
како да сака да излета,полета,
а ти не ми ја разбра желбата,
не те погоди пустината на моето битие.
Не виде што има зад насмевката
скромна,
Не си рече ,што ли се крие
Ах,Ангели мои!

Менче Кадинец
Македонија

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation