اخر الاخبار

آخر الأخبار

МЛАДЕШКА ЉУБОВ.. Љубица Поповска

 




Еден крај друг одат
и самите не се
слушаат што зборат.
Важно е еден до друг
да се тука,
а во главата мислите
кој знае во каква збрка.

Ликот негов му се вцрвенува,
му гори,
а срцето негово за себе
нешто си збори!

Птичји пој, ѕвезден сјај
пролетта во нив нема крај,
плашт мирисен, свилен ги гали
и младешки немири в срца им пали!

Чекорат и липите заедно
со нив во молк и со
пролетен здив,
сета пролет се вселила во нив!

Со поглед ја загрнува
гледајќи во чевлите,
а со крајот на окото
наоколу се обѕрнува.

А пролетното ветре им се смее
на руменилото што ги грее
и онака, за себе ко да пее
- Љубов е тоа, љубов!!!

Автор: Љубица Поповска

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation