Ги броиме изминатите
денови,
навлегуваме во спомените
кои зборуваат за вас и
затоа што не успеавме
да ве задржиме крај нас.
А вие имавте свои сонови
игри, другари...
Патот во животот ви е долг
среќавајќи ја љубовта и
пиејќи од нејзините извори,
заборавивте на љубовта наша.
Животниот порој ќе не однесе
далеку едни од други.
Ќе ни се разминат животните
патеки кои со благослов вселената
ни ги дарила,
а ние тргнавме на спротивни
страни.
Со благодатниот мир во нас
за подарокот животот што ви го даривме
никнат од изворите на радоста,
со благослов ви пожеливме
да ја имате сета среќа и љубов
на овај свет.
Автор: Љубица Поповска
الاشتراك في:
تعليقات الرسالة
(
Atom
)
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation