20 АФОРИЗМИ ЗА ЖИВОТОТ - II.. SVETO STAMENOV
Macedonia
-Во животот сè си има свое место и време, а нам ни останува само да се надеваме и да се молиме дека и нашето конечно ќе дојде!
-Кога конечно ќе сфатиш дека не си само тажна приказна, светот ќе биде твој!
-Јас не живеам соживот, туку живеам живот со сите ЛУЃЕ, а за НЕЛУЃЕ во него нема место!
-Понекогаш воопшто и не треба да ни биде важно што говориме, туку што сме слушнале и научиле од другите!
-Воопшто не е важно колку луѓе ќе прошетаат низ твојот живот, туку каква трага ќе остават!
-Сите си имаме своја ѕвезда, но дали таа ќе блесне зависи исклучиво од нас самите!
-Во историјата, па и во животот, нема ако, туку како!
-Таму сме каде што сме и вакви сме какви што сме само затоа што формата ни е побитна од суштината!
-Не, не си патиме од главата, туку од она во неа!
-Од сите негови негативности, единствено позитивно е што е негативен на короната!
-За многумина речиси цел живот сум само обична енигма, ама за некои, сакале или не, станав дури и парадигма!
-Чинам добри дела не заради некој да ми биде благодарен, ама сепак убаво е кога понекогаш некој ќе каже едно обично фала!
-Биди чесен кон самиот себе за да бидеш уште почесен кон другите!
-Сакале или не, она што некогаш било аспирација и „поезија“ еден ден станува обична проза!
-Историјата на човештвото всушност е историја на војни и страдања, а не на мир и благосостојба. Па, ако си немате друга работа, буричкајте и понатаму по неа!
-Ќе нè биде само тогаш кога конечно ќе успееме да се одбраниме од самите себеси!
-Понекогаш денот ми е ко година, ама затоа пак годините отсекогаш ми биле денови!
-Од нивната бескрајна „грижа” за нас животот ни стана нешто што мораме да го издржиме!
-Е, мој друже, животот е само еден огромен смрдлив неред, ама токму во тоа е и неговата убавина!
-Чудно е да се верува во чудо, ама само оној кој верува во чудо чудо и прави!
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation