اخر الاخبار

آخر الأخبار

БАГРЕМ.. Blagica Velkovska

 




Расцветал багремот
покрај нашата куќа
прекрасен мирис од
него се шири јас до
него седам во неговите
гранки гледам и се
потсетувам на едно време
кога бев дете кога сакав
да скинам некое цвете
Се пружав со рацете се
дигав на прсти и се молев
на гранките да се сведнат
толку да се наведнат
да можам да ги дофатам
и цветче да си скинам да
го јадам од него да се сладам
Колку ли убаво ми е било
но многу одамна тоа
 време поминало
Сега под неговата сенка
поседам во него погледам
спомените си ги навратам
и дома се вратам
Ги оставам пчелките да
се дружат со него тие од
неговиот цвет да се сладат
 нектар да вадат мед да прават

Blagica Velkovska
Makedonija

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation