اخر الاخبار

آخر الأخبار

МАГИЧНОСТА НА РАЃАЊЕТО.. Љубица Поповска

 



Молитвата ми мириса на
темјан,
ја прочистува аурата
околу мене и мислата
за неостварените сонови,
надежи, желби, љубов...
Привиден мир во мене
без надеж дека телото ќе ја
пронајде вистинската
душа.
Циничен насмев на судбината.
Помирување со самата
себе
зашто сум заробена
во матката на животот,
сопната од папочната врвца.

Заробена во магичноста
на раѓањето и
вечното занимање мајка!!!
Не признавам порази,
не признавам празна душа,
сем мајчината љубов
и имам свои патишта и
патокази.

Децата ќе ги чуваат
соновите и спомените наши
низ вечноста на крвотокот
во вените,
со годините, со времето...
Новиот почеток е во Вас
деца.
Каде и да одите останува секогаш
во моето срце, во нишките и
воздишките,
во музиката на отчукувањата
на срцето,
во борите кои времето ги всадило
како споменот за вас кој
жубори ко свеж поток низ
моите вени.

          Автор: Љубица Поповска

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation