ПЛАМЕН.. Милка Минкова
Пламен во очи,
пламен во срце,
душа гори, поглед прати
недоглед,
во жариштето од
љубовта..
За тебе,
за твојата љубов,
се втурнав во пеколот од огнената стихија
Ме маѓепса со фрлена магија од зборови.
Ти,
Убавино,
светлино на мојата душа,
Розо на мирис од огнена стихија,
го зароби срцето мое
кое сеуште несогорено, недогорено,
вришти со љубовен плам
Горам, горам, и де повеќе пламнувам, зашто ТЕ САКАМ
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation