Бесконечност.. Сузана Д.Рулеска
Кога очите ке ми престанат да гледаат
во далечина од мојот прозорец,
тогаш светлината ке го бара патот,
да го пронајде
во тишината, од чии зборови
ке сплете приказна за нас.
Тивко, нечујно ке го бара патот
во бесконечноста на постоењето.
Кога со рацете нема да можам
да го допрам недопреното,
со очите да го видам невиденото
од мојот прозорец, тогаш
од каде ке извираат солзите,
од каде ке излегуваат зборовите!?
Се ке потоне во сон недосонуван,
тогаш и голтката на надежта
ке го запре гладот,
жедта ке престане,
зборот ке замолкне
мислата нема да ја плете
приказната своја.
Во бесконечноста ке остане
зракот на светлината небесна
и јас пак ке стојам пред мојот
отворен прозорец,
пред мојот живот.
Македонија
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation