اخر الاخبار

آخر الأخبار

 





Не ми го крадете сонот
оти јас копнеам да сонувам,
а вие сте, тие што, и кога е нок не спиете, вие што сакате да тагувате,
вие што ја вдишувате темнината.
Мене ми треба светлинате на денот
мене ми треба сон да сонувам…..
Кога утрото ке ме пробуди,
кога вербата ке ми прозбори,
кога надежда ке ја проголтам
како последна капка вода
и тогаш знајте,  дека сум будна.
Будна, за нови голтки надежи,
за нови метежи, за нови копнежи.
Каков ли е овој ден, па да можам
повторно да ги составам тие
расфрлани делови на копнежот
да ги соберам, па да можам
повторно да сонувам.
Оти само така, срцето ке се смири,
само така, ке трагам по непознатото
битисување на постоењето,
со возвишеноста на духот,
со  безграничноста на мислите
и бескрајноста на  мудроста.

           Сузана Д.Рулеска
             Македонија

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation