ВЕТРОВИТЕ НА ВРЕМЕТО.. Милка Минкова
Ех, тие ветрови што минуваа
низ времето,
со себе ги носеа зборовите
речени , недоречени,
замислени, недомислени,
ткаени, недоткаени,
танцувајќи го својот танц
на тоа време.
Тој што го чувам,
грст зборови кои
танцуваат на ветровите на
времето, се зборовите што
чекореа заедно со нас
ткаејќи ја љубовта наша,
ко испреплетени нишки
на еден љубовен чин
од нашето постое,
танцувајќи за навек.
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation