ЕСЕНСКИ ТАНЦ.. Милка Минкова
И есента повторно стаса
времето кога треба да се вратиш,
па љубов повторно ме навјаса.
Лисјата пожелтени
почнаа да паѓаат
безброј спомени во мене
се навраќаат
Дрворед пред нас
како некогаш
љубовни прегратки
ко секогаш
Со позлатени листови
дрворед послан
со есенски бои
време кое повторно не
спои.
Јас и Ти
со чекори напред, назад
лево, десно
го игравме есенскиот танц
заљубено,лесно.
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation