اخر الاخبار

آخر الأخبار

ЧЕКОР НАПРЕД.. Љубица Поповска

 




Брчки како на лицето
така и во душата
забраздиле.
Уморот од животот
полека налегнува на
снагата.
Сепак со новите надежи,
радости и вистини
кои животот ни ги дарува
се зајакнуваме во чекорот
напред и духот.
Внуците ни се  најдобрите
извори на радост и снага
со нивната насмевка и
душа блага.

Сакам уште да сум зелен
водоскок
во летната жега на животот.
Животот да го славиме  и
годините што минат да ни се
со добри спомени родни,
плодни.
Да пиеме од чешмата на
животот
интензивно, секој ден и
да не дозволиме минливоста
на времето
предвреме да ни ги искоси
тревниците на радоста.

         Од збирката “ Немири”
         Автор:Љубица Поповска

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation